Преку Смарт Охрид Концептот, до промоција на НП „ГАЛИЧИЦА“

Вторник, 13 Март 2018 | Прочитано 163 пати.

Вчера во општина Охрид беше промовирана пред-физибилити студијата за концептот Smart Ohrid или Охрид – паметен град. Станува збор за концепт во кој е предвидено како Охрид би можел да се развива на одржлив начин, со цел од тоа придобивка да има населението, општината и туристите, вели Ана Чоловиќ Лешоска од Центарот за истражување и информирање за животната средниа Еко - свест“.


„Идејата на концептот е да го намали притисокот од сообраќајот врз НП „Галичица“ односно врз биодиверзитетот и врз локалното население со тоа што сите автомобили или дел од нив би ги пренасочил на друг вид на сообраќај. Тука станува за современ автобуски превоз кој може да се одвива со хибридни или соларни автобуси, еден вид туристичка атракција тоа би биле соларните бродови кои излгедаат многу убаво и не го загадуваат езерото и велосипедска патека која оди некаде по должината на крајбрежјето на езерото некаде по Галичица, од Охрид до Св Наум“.


Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски вели дека тие како одговорна градска власт мора да размислуваат за валоризација на Националниот Парк „Галичица“. Тој смета дека оваа студија на општината и оди во прилог во делот на интегралниот пристап кон решавањето на еколошките проблеми.


„Се разбира дека тука најголемиот проблем ќе биде изворот на средства за инвестиции, бидејќи не станува збор за мал проект, станува збор за студија и проект која што треба да се изведува во износ од околу 15 милиони евра. Но ние сметаме дека со една прокативност од страна на Локалната самоуправа, на изготвувачите на студијата и на Централната власт, ќе успееме и овој проект го вклопуваме во сите еколошки проекти кои што досега ги рамислувавме и изработувавме“


Пред-фифибилити студијата е изготвена од Центарот за истражување и информирање за животната средниа Еко – свест“ со поддршка на универзитетот во Манчестер, со кој предлагаат нов современ и економски одржлив систем за јавен транспорт кој опфаќа мулти модален пункт, велосипедска патека, електрични автобуси и соларни бродови. Спроведувањето на ваквиот проект во Oхрид би бил значаен за видни подобрувања на локалната економија и туризмот, заштита на животната средина како и низа придобивки за жителите во регионот.


Извор:ТВМ


 

[назад]
loading...
Коментари