Презентација на концептот „Охрид - паметен град“

Понеделник, 12 Март 2018 | Прочитано 194 пати.

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест денеска ќе го презентира проектот „Смарт Охрид“.


Настанот на кој е предвидено да се обрати и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, ќе се одржи во големата сала на општина Охрид, со почеток во 12:00 часот и е отворен за јавноста.


На настанот присутните ќе можат да се информираат како ќе изгледа транспортното решение „Смарт Охрид“ како начин за зголемување на мобилноста на локалното население, одржливо решение за летната сезона, меѓутоа и проект кој ќе привлече туристи во регионот.


извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари