Притвор за 19- годишно лице од струшко кај кого била пронајдена автоматска пушка

Четврток, 07 Март 2013 | Прочитано 398 пати.

Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против 19- годишно лице од струшкото село Горно Татеши за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распсркувачки материи“.

На 6- ти март , при извршен претрес на неговиот дом од страна на полициски службеници пронајдени биле една автоматска пушка и рамка за истата.

Од страна на истражен судија му е одредена мерка притвор во траење од 20 дена.

[назад]
loading...
Коментари