Програма за поттикнување на културната разновидност и меѓурегионалните размени во Охрид

Среда, 16 Мај 2018 | Прочитано 192 пати.

Од 11-ти до 20-ти мај, во Охрид, Струга и Скопје, во организација на Здружението на граѓани „Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата“ од Скопје се одвиват активности во рамките на програмата „Европска диплома за проектен менаџмент во културата 2018/2019“.


Програмата има за цел да ја поттикне културната разновидност и меѓурегионалните размени. Преку подобрување на вештините на културните менаџери во областа на културниот менаџмент, програмата настојува да се развијат капацитети и алатки потребни за културна соработка во Европа, а на тој начин да се издигне културата во Европа на едно повисоко ниво. Ќе присуствуваат 15 културни оператори од Франција, Норвешка, Србија, Сирија, Буркина Фасо, Полска, Беларусија, Шведска, Белгија и Холандија, кои заедно со културните оператори од институциите, како и од независниот сектор од Македонија, ќе имаат можност да проследат предавања од експерти од Европа на теми: „Перспективи и програми од областа на културата на Европска Унија“ со Бенедикт де Броувер, „Поттикнување на промена и развој во управувањето со проекти” со Џонатан Гудакр, „Партнерски проекти за културна соработка и културно вмрежување” со Жан Пјер Деру. (Крај)


извор: ОхридПрес фото: архива

[назад]
loading...
Коментари