Проверете кои услови треба да ги исполнувате за да сместувате туристи

Вторник, 17 Јул 2018 | Прочитано 372 пати.

Сместувањето туристи е актуелна тема во летниот период во нашиот град. За физички лица да сместуваат туристи потребни се одредени услови кои треба да ги исполнат.


Врз основа на член 47 став 1 од Законот угостителска дејност за давање на угостителски услуги – сместување на туристи, од физички лица треба да се исполнат минимално техничките услови и условите за категоризација. Категоризацијата на овие објекти се врши од страна на Комисијата за категоризација.


„ Ве известуваме дека треба да доставите барање за категоризација до општинската администрација на Општина Струга. После доставувањето на барањето од Ваша страна, комисијата за категоризација излегува на увид, изготвува записник и врз основа на податоците донесува решение за категоризација. Важноста на решението за категоризација трае 3 (три) години, а по истекот на рокот на важење треба да се достави ново барање за категоризација. Ве молиме во најкраток рок да се пријавите на шалтерот на општинската администрација за да пополните барање за категоризација, или да го преземете образецот по електронски пат, да го пополните и да го доставите на шалтер на општината.“ -информираат од Општина Струга.


Извор: Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари