„Rainbow Bridge“ во Струга

Четврток, 11 Окт 2018 | Прочитано 410 пати.

Младинската организација Креатор од Куманово во периодот од 06 до 14 октомври имплементира младинска размена во Струга во склоп на проектот “Rainbow Bridge”. Целта на проектот е да креира можности за младите од различни националности во регионот (Македонци, Албанци, Црногорци, Срби, Турци, Роми и други) да ги разменат своите мислења и ставови на тема предрасуди и стереотипи, да дадат идеи и можни решенија за да се подобрат односите помеѓу луѓето од различните етникуми во општеството и едноставно да научат нешто повеќе едни за други.


Младите од Македонија, Албанија и Црна Гора во склоп на проектот преку неформални методи ќе имаат можност да научат нешто повеќе на теми поврзани со меѓукултурно учење, дискриминација, стереотипи и предрасуди и на кој начин тие се рефлектираат во реалноста и како тоа влијае врз сите нас. Проектот исто така има и креативен дел, работилници за цртање на платно и подготовка на flash mob.


Во сабота, 13 октомври, во центарот на Струга ќе биде организиран јавен настан на кој учесниците преку flash mob кој обединува 4 песни, македонска, албанска, црногорска и англиска, ќе ги прикажат сликите кои се подготвени во рамки на ликовната работилница, ќе ја пренесат пораката на локалното население и ќе се обидат да влијаат и на нивното размислување за рушење на предрасудите и стереотипите. Подобар регион започнува со млади !!!


Повеќе детали за проектот “Rainbow Bridge” и проектните активности може да пронајдете на веб страната на проектот www.projectrainbowbridge.org или на facebook страната https://www.facebook.com/Rainbow-Bridge-Project-237641090392439/ 


Проектот е поддржан од страна на RYCO – Регионална Младинска Канцеларија од Тирана преку нивниот прв отворен повик за младински проекти, чија главна цел е промоција на духот на помирување и соработка помеѓу младите во регионот преку програма за младински размени. Повеќе детали за RYCO – Регионалната Младинска Канцеларија и за нивните активности можете да дознаете на www.rycowb.org


Повеќе за младинската организација Креатор и за активностите на истата можете да пронајдете на https://www.facebook.com/youth.association.kreator/

[назад]
loading...
Коментари