Расте температурата на Охридското Езеро

Среда, 12 Јун 2019 | Прочитано 261 пати.

Сончевото и топло време изминатите денови придонесе за пораст на температурата на водата во Охридското Езеро. Според утринските мерења, таа изнесува 19 степени Целзиусови и речиси е до јунскиот просек од 19,8 степени.


До крајот на денот ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 30 степени.


Во четврток ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 31 степен, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 9.


Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари