Рибокрадци фатени на дело, запленети пловни објекти и мрежи

Петок, 18 Јан 2013 | Прочитано 402 пати.

Во координирана акција на рибочуварската служба на концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, МВР и Државниот инспекторат за земјоделие од областа на рибарството, што траела до рано утрово, на потегот од Пештани до Трпејца запленети се 80 нелегално поставени рибарски мрежи и два пловни објекти. Тие се конфискувани и предадени на надлежните служби за понатамошно постапување.

Исто така, во широка акција која била спроведена минатата недела, во водите на Охридското Езеро биле затекнати две лица од селото Трпејца како вршат незаконит риболов. Против нив се поднесени соодветни пријави.

Концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, најави дека рибочуварската служба, полицијата и Државниот инспекторат за земјоделство од областа на рибарството, ќе продолжат со уште пинтензивни контроли со цел заштита на ендемскиот вид пастрмка во сезоната на мрест, кога строго е забранет секаков риболов.

[назад]
loading...
Коментари