Ротари Клубот од Охрид донираше компјутерска опрема за децата со посебни образовни потреби во ОУ „Христо Узунов“

Среда, 15 Мај 2019 | Прочитано 241 пати.

Ротари Клубот од Охрид донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Христо Узунов“ од Охрид, наменета за децата со посебни образовни потреби, кои се во редовна настава во училиштето.


Компјутерската опрема се состои од технички средства во вид на лап топ, фотокопир, печатар, ламирка и останати потрошни материјали кои директно ќе послужат за задоволувањето на посебните образовни потреби на учениците кои се дел од училиштето.

– Донацијата беше остварена по предходна консултација со управата и стручното лице – дефектолог кое секојдневно работи со децата кои имаат посебни образовни потреби, односно донирана беше таква опремата од која што училиштето имаше потреба и која е наменета и посебно прилагодена токму за овие деца, се со цел да може да придонесе во нивното полесно и побрзо совладување на образовниот материјал, информираат од Ротари Клубот „Охрид“, од каде додаваат дека оваа донација е трета во низа, од годишната програма на клубот, која е посветена на помагање на институции и организации кои работат со деца со посебни интелектуални, физички и образовни потреби во нашиот град и околината.


Image may contain: 8 people, people smiling, people sitting, table and indoor


Тие испраќаат благодарност до директорката на училиштето и дефектологот, како и целиот наставен и технички кадар кои овозможија да се даде овој скромен придонес во нивната институција.


– Воедно, со оваа акција, сакаме да ја покренеме колективната свест на нашето општество и да стимулираме конкретни активности кон конкретни ранливи групи на кои и најмалото внимание им е од огромно значење во остварувањето на нивните секојдневни потреби, потенцираат од клубот.


Image may contain: 2 people, people smiling, people sitting, table and indoor


Перидов наназад, тие остварија неколку значајни инфраструктурни и техничко-функционалните донации и тоа во детското одделение при Општата Болница во Охрид, преку донацијата на целосен Скејт парк во нашиот град, бројни донаци во детските градинки низ нашата Општина и останатите проекти со кои се направија напори за да се придонесе на разни групи во нашата заедница и целокупно општество.


– Придонес во средината се даде и преку активното учество во борбата за искоренување на полиото во светски рамки преку имунизација, така и од сега посветено ќе работи на реализација на функционални и самоодржливи проекти во духот на хуманите Ротаријански принципи, додаваат од клубот.


Извор: ОхридПрес

[назад]
loading...
Коментари