СДСМ ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Струга и во Кичево?

Вторник, 05 Март 2013 | Прочитано 420 пати.

Опозициската СДСМ најверојатно ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општините Кичево и Струга.

СДСМ во неколку општини се уште нема излезено со имиња на кандидати за градоначалници, иако велат дека одамна имаат подготвено, а уверуваат дека сите кандидатури ќе ги поднесат во законски проширениот рок до 8 март на полноќ.

- Имајќи ја предвид специфичноста на некои општини, конкретно на Струга и Кичево, и во духот на внатрепартиската демократија и почитување на желбите на нашите членови и поддржувачи од овие општини, одлуката за Кичево и Струга ја децентрализиравме и оставивме нашите општински организации да ја донесат истата. Конкретно, подготвени сме и во Струга и во Кичево да го поддржиме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, но во исто време, бараме и тие да ја поддржат нашата советничка листа и таа листа, всушност, да биде заедничка, на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Игор Ивановски, шеф на Изборниот штаб на СДСМ.

На тој начин, вели Ивановски, и нивните и членовите на ВМРО-ДПМНЕ и подрржувачите на двете партии би гласале за пакетот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и заедничка листа на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.

- Ние сме подготвени на тоа, ќе видиме како од другата страна ќе одговорат“, додаде Ивановски.

[назад]
loading...
Коментари