Се обидел да спречи тепачка, па дал лажен исказ во полиција

Четврток, 14 Март 2019 | Прочитано 573 пати.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против две лица од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „тешка телесна повреда“ и против едно од село Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „давање лажен исказ“.

На 03.03.2019 пред угостителски објект во Струга прво и второпријавениот физички го нападнале 42-годишно лице од Струга, при што му нанеле тешки телесни повреди. Третопријавениот се обидел да го спречи нападот, а подоцна во Полициската станица Струга  дал лажен исказ во врска со настанот.  

Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари