Се расчистува отпадот покрај магистралниот пат Охрид- Скопје

Четврток, 17 Јан 2013 | Прочитано 316 пати.

Ј.П.„Охридски Комуналец“ од вчера започна акција за расчистување на расфрланиот отпад (градежен шут и друг цврст отпад) покрај магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот од надвозникот кај влезот во Охрид до аеродромот.

- Иако надлежно за одржување на магистралните патишта е  државното јавно претпријатие „ Македонија пат“, грдата слика на расфрлан отпад на влезот во нашиот туристички центар  не треба да е пред очите на граѓаните. Затоа нашето претпријатие со сопствени средства, вработени и механизација го расчистува овој потег. Поради големите количини на отпад, во првиот ден од акцијата се расчистуваше потегот од надвозникот до црквата „Св.Еразмо“, информираат од јавното претпријатие.

Во текот н авчерашниот ден подигнати биле околу 80 вреќи отпад.

Акцијата продолжува и во текот на наредните денови, кон охридскиот аеродром.

[назад]
loading...
Коментари