Семинар за ресурси од бизнис секторот во Струга

Сабота, 16 Март 2013 | Прочитано 420 пати.

На 29-ти март во хотел „Дрим“ во Струга ќе се одржи семинар на тема „Соработка и мобилизирање на ресурси од бизнис секторот“.


Семинарот имаат за цел да обезбеди информации за важноста, потенцијалот и можностите за мобилизирање ресурси и соработка со бизнис секторот во земјата, да даде практичен совет на граѓанските организации како да започнат и да развијат пристапи за мобилизирање ресурси од бизнисите и да овозможи простор за размена на искуства и совети на оваа тема.


Ќе се говори за значењето на прибирањето средства од бизнис секторот, потенцијалот за мобилизирање ресурси од бизнис секторот во Македонија - состојбата со корпоративната филантропија и различните форми на прибирање на средства од бизнис секторот - разлика помеѓу големите компании и малите и средни претпријатија.

[назад]
loading...
Коментари