Силен ветер и огромни бранови го урнаа Мостот на желбите

Четврток, 14 Март 2013 | Прочитано 328 пати.

Силниот ветер што од вчера вечер беснее во Охрид предизвика повеќе штети, а големите бранови што ги предизвикал на езерото го урнале и „Мостот на желбите“, кој води кон плажата Канео.


Како што известува порталот Охридњуз, освен мостот, силниот ветер и брановите што ги предизвикал откорнале и десетина клупи, а дворовите на куќите на брегот на езерото биле поплавени.


Според Управата за хидрометеоролошки работи, ветерот дувал од јужен правец и достигнал брзина од 60 километри на час.

[назад]
loading...
Коментари