Со отворена регата В.К „Црн Дрим“-Струга слави 85 години постоење

Четврток, 06 Дек 2018 | Прочитано 110 пати.

По повод 85 години постоење,  Веслачкиот клуб „Црн Дрим” Струга организира отворена регата на Ергометар.  Овај настан ќе се одржи на 08.12.2018год. (сабота) во просториите на Вескачкиот клуб ( до ракометното игралиште на Женска Плажа)

„Сите кои сакаат да ја проследат оваа регата се добредојдени, воедно ќе можат и да ги воочат предностите на овај спорт. Сите поранешни членови на В.К.Црн Дрим исто така  се поканети да дојдат и да се потсетат на минатото кога тие биле активни во веслањето.“ – велат од В.К „Црн Дрим“

Почетокот на регатата е закажан за во 11:00 часот.

Извор: Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари