Со средства од ЕУ ќе се гради железничка пруга Кичево - Струга - Ќафасан

Среда, 29 Ное 2017 | Прочитано 3,270 пати.

Европската унија со 7,7 милиони евра ќе ја финансира изработката на комплетната планска и тендерска документација за изградба на железничка пруга од Кичево до границата со Република Албанија. Шругата ќе минува низ три општини од Југозападниот плански регион: Кичево, Дебрца и Струга и ќе се поврзе со Албанија кај Ќафасан, што е дел од коридорот 8.


Вкупната должина на пригата ќе биде 63 километри.


Проектот кој ќе го реализира конзорциумот предводен од ТИПСА од Шпанија во соработка со Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“ќе биде промовиран утре во Еу инфо центарот во Скопје.


Изградбата на оваа пруга првично беше најавена во 2010 година. Тогаш државата соопшти дека експертите ги усогласиле ставовите за трасата по која треба да поминува пругата од Коридорот 8, која Охридско - стушкиот регион треба да го поврзе со пристаништата на исток и запад. Изготвена е и студијата за оцена на влијанието на пругата врз животната средина, која вчера беше презентирана на јавна расправа во Струга.


Тогаш беше соопштено дека железничката пруга која дури и име „Еуробалкан“, ќе поминува низ селата Брежани, Сливово, Издеглавје и Мешеишта, по што продолжува кон Струга, која е предвидено да се поврзе со албанскиот град Лин. Реализацијата на овој проект никогаш не започна.


Извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари