Сообраќајка на патот Охрид-Св. Стефан, повредено едно лице

Четврток, 18 Апр 2019 | Прочитано 552 пати.

Сообраќајна незгода се случи денес, нешто по 11:30 часот, на патот Охрид-Св. Стефан.

Незгодата се случила после кружниот тек за населбата Рача, во насока кон Св. Стефан.

Неофицијално, во незгодата во која учествувало патничко моторно возило марка „Голф“ е повредено едно лице.

На терен излегоа СВР Охрид, кои за Супер радио и OhridPress го потврдија настанот и додадоа дека увидот е во тек, како и екипа на Брза помош.

Повеќе информации во текот на денешниот ден. (Крај)

Извор:ОхридПрес фото: ОхридПрес

[назад]
loading...
Коментари