Сообраќајка во Струга едно лице загина

Вторник, 06 Ное 2018 | Прочитано 3,440 пати.

На шести ноември оваа година, во 05 часот и 45 минути, на магистралниот пат Подмолје-Струга, на крстосницата кај селото Мислешево, случена е сообраќајна незгода, во која едно лице го загуби животот а пет други имаат телесни повредени.


Сообраќајната незгода, се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил „Шери“ со струшки регистарски ознаки, управуван од сега починатиот. На местото на сообраќајнате незгода, увид изврши надлежен Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица Струга. Се преземаат мерки за идентификација на сега починатиот.


Портпарол на СВР Охрид
    м-р Стефан Димоски

[назад]
loading...
Коментари