Сообраќајна несреќа кај Велешта тројца повредени

Петок, 13 Сеп 2019 | Прочитано 2,162 пати.

На 12.09.2019(Вчера) во 11.30 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, кај с.Велешта, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.В.(30) од Струга и патничко возило „форд“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.Д.(24) од с.Вевчани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Д. и била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „форд“, А.Д.(60) од с.Вевчани и А.В., по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струга. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

[назад]
loading...
Коментари