Соопштение: ООУ,,Мурат Лабуништи,,-Лабуништа

Петок, 12 Окт 2018 | Прочитано 3,256 пати.

Врз основа на заедничката соработка помеѓу Директорот на училиштето, наставниот кадар на училиштето и Советот на родители од с. Лабуништа произлегоа следниве заклучоци и правила на однесување на учениците во училиштето:

1- Учениците се должни на настава да доаѓаат навреме, односно во 07:25 часот учениците од прва смена, и 13:05 часот учениците од втора смена.
Сите ученици кои ќе доцнат ќе останат надвор од училишната зграда ќе бидат евидентирани како отсутни  а за тоа ќе бидат известени и нивните родители.
Учениците треба и мора да ги почитуваат правилата на однесување а тоа подразбира и навремено доаѓање на училиште.

2- На учениците им се забранува носење на мобилни телефони во училиштето. Доколку се најде мобилен телефон истиот ќе му биде одземен на ученикот од страна на наставниот кадар и истиот може да го подигне само родителот на ученикот.

3- Учениците не смеат да го напуштаат училиштето за време на малите одмори туку треба да се подготват за следниот час бидејќи одморот трае само 5 минути.


4- Учениците во училиштето не смеат да внесуваат храна и пијалок.

5- На учениците и младинците строго им се забранува пушење во рамките на училишниот имот.


6- За секое изостанување на учениците веднаш истиот ќе биде евидентиран во одделенскиот дневник и контактиран родителот на ученикот со цел да се откријат причините за изостанувањето на ученикот.

7- За сите ученици кои се недисциплинирани, неоправдано изостануваат од настава и го оштетуваат училишниот инвентар и имот веднаш ќе бидат превземени соодветни казнени педагошки мерки согласно Законот за Основно образование.

8- Сите горенаведени правила на однесување на учениците веќе им се прочитани и се надеваме дека заеднички како тим од наставен кадар и родители ќе овозможиме нашето училиште да биде пријатно место за воспитување и образување на нашите деца.

9.- Училишниот двор ќе се затвора во 20:00 часот, и истиот може да се користи за спортски активности само доколку ќе се земе дозвола од компетентните органи на училиштето , со што ќе бидат вклучени сбетлата со цел децата да можат да ги спроведат спортските активности.

                                                             
Д и р е к т о р,           Претседател на советот на родители :
Ваљон Мамуди                               Сезаир Салоски

[назад]
loading...
Коментари