Стартува новата програма за младите „Млади лидери создаваат иднина“

Четврток, 14 Март 2019 | Прочитано 269 пати.

Денес започнува новата програма за младите „Млади лидери создаваат иднина“, која охридскиот Црвен крст ќе ја реализира во соработка со Американскиот мировен корпус во Македонија.

Истата ќе стартува во 19:30 часот, во просториите на Црвен крст.

– Оваа програма, наменета за ученици од 14-18 години интегрира неделни работилници, екскурзии, развој на проекти и практикум за волонтирање со цел учениците да прераснат во активни граѓански лидери во нивните училишта и заедници. Воедно младите ќе ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери ќе можат да придонесат во развојот на заедницата, како и да стекнат и развиваат вештини за вработливост, чувство за цел и иницијатива, одговорност и ресурси потребни за достигнување на компетитивни работни кариери. Програма е во времетраење од 14 недели, а наставата ќе се одвива на македонски јазик. Ги очекуваме заинтересираните младинци да земат учество во оваа програма, информираат од Црвен крст Охрид.

Додаваат дека сите заинтересирани подетални информации можат да добијат и да се пријават на веб страната на „Млади лидери создаваат иднина“. (Крај)

Извор: ОхридПрес фото: архива

[назад]
loading...
Коментари