Стручниот штаб на ФК Лабуништа засилен со Александар Танчески

Среда, 09 Јан 2019 | Прочитано 1,058 пати.

Во нашиот стручен штаб на тренерот Петар Џигероски и помошниот тренер Александар Жупан му се придружува човекот кој пред две години беше тандем со Џигероски и за кој имаме многу високо мислење а тоа е Александар Танчески кој воедно е дел и од репрезентацијата U21... Во преговори сме и со неколку играчи, додека не ги дефинираме преговорите нема да објавуваме имиња, изјави директорката на ФК Лабуништа Ивана Лескароска.

Предност Даваме на фудбалската струка веруваме во нашиот тим и со условите кои ги имаме нареднава полусезона овој тим ќе има капацтет да оди чекор напред...Задоволство ми е што ми се придружува во работата ваков квалитет како што го има Александар истакна Лабунишкиот стратег Џигероски.

Особено ми е драго што ќе работам со тренерот што ми ги отвори тренерските патишта во која имам целосна доверба и заедно се надевам дека ќе постигнеме големи успеси...Благодарност до управата на ФК Лабуништа на покажаната доверба за да сум дел од нив изјави новодојдениот Александар Танчески.

[назад]
loading...
Коментари