Струга и годинава ќе биде домаќин на Меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“

Вторник, 06 Авг 2019 | Прочитано 91 пати.

Во период од 9-ти до 12-ти август, Струга традционално ќе биде домаќин на Меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“ што ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ За време на првата фестивалска вечер ќе се одржи натпревар во класична музика, пијано и соло пеење. На 11-ти август музички ќе се натпреваруваат естрадни уметници, а на 12-ти август фестивалот „Езерски бисери“ ќе заврши со гала концерт и доделување на награди за најдобрите.


Меѓународниот арт фестивал и натпревар „Езерски бисери“ е натпревар на уметноста кој се одржува секоја година во првата половина на август. Пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет доаѓаат во Струга, Македонија крај прекрасното Охридско езеро и се натпреваруваат во бројни дисциплини. Нивните настапи ги оценува професионално меѓународно жири, чии членови одржуваат бесплатни мастер класови за сите учесници и за нивните професори по натпреварот.


Извор:Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари