Струга организираше училишен Trash Fashion натпревар

Среда, 22 Мај 2019 | Прочитано 1,582 пати.

СОУ,,Нико Нестор,,Струга на 15.05.2019 година во Клуб Оаза Струга организира училишен Trash Fashion натпревар. Присутните ученици, наставници, родители и други гости уживаа во оригиналноста на изработките и добрата забава со DJ Васко и ја поддржаа хуманоста,  бидејќи собраните средства од настанот беа наменети за лекување на Мартин.    















Беа пријавени 15 тимови од ученици и нивните ментори, а посебно стручно жири ја избра најдобрата креација, изработена со реупотреба на материјали.  


  


Креацијата со име Феникс  ќе се натпреварува на државниот Trash Fashion 2019, на  23 мај 2019 во Скопје.Натпреварот секоја година се организира по повод Светскиот ден на животната средина и е наменет  за средните училишта кои се вклучени во Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука.


Целта на Trash fashion 2019 е подигнување на свеста кај учениците и пошироката заедница за значењето и зачувувањето на природата и реупотребата на отпадот. Оваа идеја претставува еден начин со кој се анимираат учениците да се вклучат во изработка на облека и модни додатоци, со што тие стекнуваат знаење и навики за реупотреба на материјалите.


[назад]
loading...
Коментари