Струшките џудисти освоија четири медали на Меѓународен натпревар во Прилеп

Среда, 09 Окт 2019 | Прочитано 179 пати.

Џудо клубот „Дрим“ од Струга, на 6-ти октомври учествуваше на Меѓународниот натпревар „Прилеп град херој“ -Цевитана куп.



Во конкуренција од околу триста и дваесет натпреварувачи, струшките џудисти освоија четири медали и тоа: два златни, еден сребрен и еден бронзен. Од Прилеп, злато во Струга донесоа Христијан Глигороски и Анамарија Стојмиловска. Со сребрен медал се закити Амар Бајрамовски, а бронзен медал освои Драгица Рафтоска. На ова натпреварување учествуваа и стружаните Петар Дуноски, Елин Селими и Давид Танаскоски.


Извор:Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари