Струшките екологисти бараат поголема заштита на езерото

Среда, 10 Апр 2013 | Прочитано 318 пати.

Обилните врнежи од дожд кои изминатите денови го зафатија струшкиот регион предизвикаа поплави на обработливите површини, но го зголемија и нивото на Охридското Езеро.


Како резултат на сето тоа денска на браната на устието на реката Црн Дрим беа отворени пет порти. Ваквите состојби дополнително ја усложнуваат состојбата со што ќе има одредени последици по биодиверзитетот на езерото, предупредуваат струшките екологисти.


- Секако негативно, не може позитивно да влијае затоа што со самите води што се надојдени донесени се и несреќи со водата, а тоа се оние токсични материи од разни хемикалии што се наоѓаат и што ги испуштаме ние и соседите. И тие сега излегуваат на површината од една страна. Од друга страна биодиверзитетот на езрото си има една хармонија на живеење, а сега му е пореметен начинот на живеење и хармонијата ја нема во езерото, вели претседателот на Здружението за екологија „Енхалон“ од Струга, Мате Гогоски.


crndrim100413


Еколошките здруженија од Струга потенцираат дека ваквите состојби кои се последица на природните влијанија можат да се надминат со навремено и превилно регулирање на речните корита.

[назад]
loading...
Коментари