СВР Охрид: Настраданиот во несреќата на магистралниот пат Охрид – Кичево е 73-годишен жител на Скопје

Петок, 12 Јул 2019 | Прочитано 1,017 пати.

СВР Охрид денеска изнесе детали за сообраќајната несреќа што вчера околу 15.00 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу с.елата Ботун и Климештани. Во несреќата учествувале патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С. ( 73) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П., 27-годишен жител на Охрид. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С., жител на Скопје, информира полицијата.


По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.


На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Охрид, а истрагата треба да ги открие причините за фаталната несреќа.



Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари