Температурите во длабок минус, доаѓа и снег

Вторник, 08 Јан 2019 | Прочитано 613 пати.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде ведро со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се спуштат под -10 степени, а во Пелагонија и Малешевијата и до -18 степени. Дневните температури скоро насекаде ќе бидат под нула.

Во среда ќе преовладува облачно време со врнежи од снег, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Врнежи од снег, главно од локален карактер во претпладневните часови ќе има и во четврток, по што следи период на студено време со ниски температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари