Тепачка помеѓу двајца охриѓани

Понеделник, 11 Фев 2019 | Прочитано 282 пати.

Од СВР Охрид информираат дека утрово, околу 5 часот, е нарушен јавниот ред и мир со тепачка што се случила на улицата „Вардар“ во Охрид.

Во тепачката учествувале двајца охриѓани на возраст од 30 и 34 години..

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против нив ќе поднесе соодветна пријава.

Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари