Тешка сообраќајка кај Охрид, има и жртви

Среда, 07 Ное 2018 | Прочитано 1,333 пати.

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Горенци. Според првичните неофицијални информации од увидот, во несреќата има жртва.


Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски ја потврди информацијата.  Во тек е увид a сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Повеќе информации се очекуваат подоцна.


Ова е втора сообраќајна несреќа во Охридско струшкиот регион со жртва за два дена. Во судар на автомобил и автобус вчера кај Мислешево загина едно лице.


 

[назад]
loading...
Коментари