Ултра маратон низ Коридор 8, маратонецот Красимир Георгиев пристигна во Струга

Четврток, 23 Мај 2019 | Прочитано 326 пати.

Бугарскиот маратонец Красимир Геогиев ја започна втората етапа на ултра маратонот, почнувајќи од крајбрежниот град Варна до Драч (Албанија) . Вчера тој пристигна во Струга каде беше пречекан од страна на администрацијатаи градоначалникот на Општина Струга .



Градоначалникот Мерко му честита и изрази подршка за инцисијативата на маратонецот, чија цел е да ги промовира подобрените добрососедските односи меѓу Бугарија, Северна Македонија и Албанија.



Мотото на ултра-маратонот е „Поврзување” и истиот е под покровителство на премиерите на Бојко Борисов, Зоран Заев и Еди Рама.



Георгиев се очекува да го заврши маратонот на 25 мај во Драч каде ќе го пречекат премиерите на трите држави на заеднички настан каде се очекува да дискутираат за важноста на пан-европскиот Коридор 8 и односите меѓу овие земји.


Коридорот 8 ги поврзува Јадранското и Црното море, а поминува и низ Северна Македонија.



Канцеларија за односи со јавноста,
              Општина Струга

[назад]
loading...
Коментари