Високите бранови на Охридско Езеро го уништија градскиот кеј

Четврток, 14 Март 2013 | Прочитано 305 пати.

Високите бранови и зголеменото ниво на вода во Охридското езеро уништија и дел од градскиот кеј, кој важи за омилено место за шетање за охриѓани и за туристите кои го посетуваат Охрид.


На неколку места водата го поткопа кејот, па бекатон плочките беа расфрлани на сите страни. Честопати поради високи бранови доаѓа до уништување и на мостот на желбите кој води до населните Потпеш и Канео.


Тоа се случи и синоќа, кога дел од мостот беше уништен. Дополнителен проблем создаваше и ветерот кој според Упрвата за Хидрометеоролошки работи достигнал брзина од 60 километри на час.

[назад]
loading...
Коментари