Високото ниво на водите не дозволува ефикасна ларвицидна дезинсекција против комарци

Вторник, 17 Апр 2018 | Прочитано 294 пати.

Согласно Акциониот план за ставање под контрола на вектор преносливите болести на територијата на општините Охрид и Дебрца, Центар за јавно здравје Охрид во пролетниот период предвидува обавување на ларвицидна дезинсекција на потенцијално ризични површини за развој на ларвицидна форма на комарците. Со оглед на големото количество вода кое се уште се наоѓа на просторите каде треба да се изврши соодветен третман на земјиштето (Студенчишко блато, Белчишко блато), не се создадени условите за обавување на ефикасна ларвицидна дезинсекција, информираат од Центарот за јавно здравје.


Центар за јавно здравје Охрид ја следи состојбата и веднаш штом ќе дозволат временските услови ќе пристапи кон третирање на соодветните површини, за што навремено ќе биде известена јавноста, велат од здравствената установа.


извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари