Во царинската испостава Струга спречен обид за влез на стока чиј увоз е забранет

Вторник, 13 Фев 2018 | Прочитано 732 пати.

Во текот на изминатиот период, царинските службеници открија царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани облека, фалсификати, перници, волнени појаси со магнет, елеци, прекривки, биомагнетни лежалки, магнетни подлоги, масажер, додатоци на исхраната, вијагра, метал детектор, семенски материјал, цигари, телевизор, автоделови и друго.


Задржана е следната стока:


Во царинската испостава Струга е спречен обид за влез на стока чиј увоз е забранет. Увозник од Кавадарци пријавил за увозно царинење 26.710 килограми Безоловен бензин РОН 95.6. Поради сомневање дека стоката е неправилно декларирана, била земена мостра и испратена на испитување во царинската лабораторија, од каде бил добиен одговор дека се работи за безоловен бензин со број на октани 94.5, кој согласно Водичот за царинење треба да се распореди во друга тарифна ознака, за која увозот е забранет.


Врз основа на резултатите од анализата, царинската испостава изготви записници за царински прекршок и тарифна ознака и донесе решение за враќање на стоката во странство.


Извор:Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари