Во сабота голема крводарителска акција

Петок, 14 Сеп 2018 | Прочитано 185 пати.

Црвен крст Охрид ја најавува традиционалната крводарителска акција која во соработка со Тамаро маркети ќе се реализира на 15.09.2018 г. (сабота) од 10-14 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.


– Со цел да се задоволат потребите за крв и крвни продукти во здравствените установи во Охрид ги покануваме нашите хумани сограѓани да бидат дел од оваа крводарителска акција и заедно со вработените во маркетите да ја даруваат драгоцената течност, велат од Црвен крст.


Учесниците на оваа крводарителска акција ќе имаат можност да уживаат во бројни креативни содржини и вкусат специфични производи подготвени од партнерот на оваа крводарителска акција ТАМАРО МАРКЕТИ. Секој крводарител маркети Тамаро ќе го изненадат со подарок.


Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари