Во сообраќајна незгода тешко повредена 30-годишна жена

Четврток, 23 Мај 2019 | Прочитано 386 пати.

На крстосницата од улиците „Железничка“ и „Кленоец“ во Охрид, синоќа на полноќ, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Сканија“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лице од Битола и патничко возило „Фиат Пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 30-годишна сопатничка во возилото „Фиат Пунто“. Со возило на Итна медицинска помош таа била пренесена во болницата во Охрид каде и била укажана лекарска помош, по што била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се работи на расчистување на случајот.

Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари