Водата од изворот-Билјанини извори содржи патогени бактерии-не е безбедна за пиење

Четврток, 16 Мај 2019 | Прочитано 80 пати.

Во интерес на навремено и точно информирање на јавноста и со цел грижа за здравствената состојба на населението, Центарот за јавно здравје-Охрид, информира дека денешните (16.05.2019) наоди од физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата од изворот-Билјанини извори покажуваат дека водата содржи патогени бактерии и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.

Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.
Од центарот додаваат дека нивниот тим во континуитет ја следи состојбата со квалитетот на водата од Билјанини извори и навремено ќе ја известува јавноста.


Извор: Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари