Вооружени и маскирани лица ограбиле бензинска во Струга

Петок, 15 Март 2013 | Прочитано 436 пати.

Две непознати лица, маскирани и вооружни извршиле разбојништво во бензинска пумпа во Струга.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи ноќва, околу три часот, две непознати и маскирани лица упаднале во бензинската пумпа на Макпетрол на улица Пролетарски бригади во Струга.
Разбојниците со оружје им се заканиле на двајцата вработени и одземале 54.000 денари.

Полицијата трага по сторителите.

[назад]
loading...
Коментари