Втора лига запад: Струга Трим и Лум и Лабуништа го чуваат врвот

Недела, 07 Окт 2018 | Прочитано 1,021 пати.

Водечките три екипи во Втората лига – Запад, Струга Трим Лум, Лабуништа и Гостивар славеа победи во 8. коло од годинашното првенство.


Струга Трим Лум до триумфот од 0-1 на гостувањето против Скопје дојде со погодокот на Александар Василев уште во 13. минута од средбата.



Лабуништа, пак, го совлада Пелистер со 2-1, благодарение на двата гола во првиот дел. Најпрво во 15. минута директно од слободен удар погоди Игор Клечкароски, а во 21. минута Бојан Спиркоски зголеми на 2-0. Единствениот гол за Пелистер го постигна Благоја Наумоски од пенал во 72. минута. Лабуништа последните десет минути ги играше и со фудбалер помалку по исклучувањето во 80. минута на Игор Клечкароски, но гостите не успеаја да го искористат тоа.


РЕЗУЛТАТИ – 8. КОЛО


Велазерими – Гостивар 0-2


Лабуништа – Пелистер 2-1


Кораби – Тетекс 2-1


Скопје – Струга ТЛ 0-1


Генч Калемлер – Гоблен јуниор 1-1


ТАБЕЛА: Струга ТЛ 17 бода, Лабуништа 15, Гостивар 15, Велазерими 12, Скопје 11, Генч Калемлер 11, Гоблен јуниор 11, Кораби 10, Пелистер 5, Тетекс 4 бода.


Извор: Ekipa.mk

[назад]
loading...
Коментари