Wizzair ќе лета и вo зимскиот период од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон

Вторник, 25 Јун 2019 | Прочитано 181 пати.

Авиокомпанијата „Виз ер“ реши да ги надгради линиите од Скопје и од Охрид до три европски дестинации, од сезонски во целогодишни. Така, од Скопје до Барселона и до Векше во Шведска, како и од Охрид до Лондон (Лутон), ќе лета и претстојната зима, два пати неделно.


Од „Виз ер“ информираат дека во зимската сезона 2019/2020, која почнува на 27 октомври, од сезонски ги надградува во целогодишни и линиите од Белград до Ларнака на Кипар (секој вторник и петок). Од октомври, пак, ќе биде обновена линијата од Тузла во Босна и Херцеговина до Билунд во Шведска, каде што ќе се лета секој понеделник и петок.


Извор:inovativnost.mk

[назад]
loading...
Коментари