Зијадин Села: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Струга

Вторник, 09 Апр 2013 | Прочитано 1,439 пати.

-Им благодарам на граѓаните на Струга, на сите тие што на мирен, демократски и цивилизиран начин се изјаснија за тоа кој да биде нивни градоначалник. Ветувам дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Струга без разлика на нивната етничка, политичка и верска припадност.-изјави кандидатот за градоначалник на ДПА Зијадин Села кој во вториот круг од локалните избори во неделата, однесе победа со речиси 5500 гласа разлика во однос на противканидатот од заедничката коалиција на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Владо Кочоски.

Истовремено, тој изрази негодување за, како што рече, притисокот што институциите го вршеле врз граѓаните. Тој рече дека во Октиси на денот на изборите неосновано бил притворен  набљудувач, а  20-годишен жител на селото бил малтретиран од специјалци пред неговата мајка. Села ги обвини институциите за обид за фалсификување на изборите во Струга преку скенирање на гласачки ливчиња во четири избирачки места, каде набљудувачи биле високи функцинери на ВМРО ДПМНЕ и претставници на власта.

-Сакам да го нагласам и притисокот кој беше извршен во сите гласачки места каде беа присутни високи функционери од власта, кои наместо да се грижат за фер и демократски избари, тие беа главните причинители за сите проблеми кои се случуваа во Струга. Сакам да му се заблагодарам уште еднаш на народот што го почитуваше законот и излезе да гласа на фер и демократки начин. Од друга страна институциите кои требаше да се грижат да има фер и демкратски процес беа на страна на злото и не им мислеа добро на граѓаните на Струга, изјави Села.




Тој ги отфрли обвинувањата од неговиот противкандидат дека ден пред изборите вршел агитација, со што го прекршил изборниот законик, оценувајќи ги нападите кон него како последен повик на разочарана група.

-Јас имам и имиња и презимиња и докази за сите работи кои ги кажав. Не сакам да влегувам во детали затоа што не сакам уште еднаш овој народ да биде изложен на терор и опсада од специјални единици. Изборите завршија и институциите мора да бидат внимателни. Струга мора да живее мирно и спокојно. Не треба да има никаква дестабилизација. За сите други проблеми јас ќе се изјаснам доколку има потреба, ако тие имаат една забелешка, јас имам 1100 документирани.-рече Села.

Тој најави дека во првите 100 дена од мандатот како градоначалник ќе воведе ред и мир во Струга, ќе го елиминира  хаосот, улиците ќе бидат чисти и без паркинг, а шеталиштата ќе им бидат вратени на граѓаните.

[назад]
loading...
Коментари