Жител на Октиси одгледувал марихуана

Сабота, 09 Фев 2019 | Прочитано 2,502 пати.

Жител на Струшкото село Октиси во дворот одгледувал стебла од канабис, а при претрес на неговиот дом пронајдена била и марихуана, соопшти СВР Охрид.

По извршениот претрес во дворот пронајдени и одземени се саксии со стебла од растителниот род Cannabis и дрога марихуана.

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица во Струга поднела кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство, поради сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори".


Извор: МВР Охрид

[назад]
loading...
Коментари