Жител на Радолишта „заработи“ кривична пријава поради марихуана

Среда, 15 Мај 2019 | Прочитано 236 пати.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, надворешната канцеларија за криминалитички работи Струга поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од струшкото село Радолишта.

Од СВР Охрид информираат дека на 13.10.2018 година во село Радолишта полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари