Жител на с. Калишта ќе одговара за бесправно градење

Вторник, 17 Јул 2018 | Прочитано 753 пати.

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против С.Р (45) од струшкото село Калишта.


Во текот на 2017 година пријавениот како инвеститор на сопствена локација во место викано „Село“ атар на струшкото село Калишта, без одобрение, на површина од 2000 м.2 изградил автокамп узурпирајќи и дел од Охридско Езеро. Пријавениот, ја оградил парцелата од западна и дел од северна страна со метални столпчиња и мрежа. Од извршениот инспекциски надзор од страна на градежен инспектор при Општина Струга составен е записник и донесено е решение со кое на пријавениот му се наредува да ја отстрани градбата.


Извор: СВР Охрид
Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари