Жител од село Октиси физички нападнат во Струга

Вторник, 12 Март 2019 | Прочитано 1,386 пати.

Непознато лице од струшкото село Долна Белица вчера во Струга физички нападнало 43 годишен жител на селото Октиси, соопшти СВР Охрид.




Според полицијата, околу 16:30 часот, на улицата „Ѓуро Салај“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од струшкото село Долна Белица врз О.О. (43) од селото Октиси.


Полициската станица од Струга, како што е наведено, презема мерки за пронаоѓање на сторителот по што, против него ќе поднесе соодветна пријава.



[назад]
loading...
Коментари