Златниот медал ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ’’ за професор Јуми Накаџима од Јапонија

Сабота, 20 Апр 2019 | Прочитано 117 пати.

Во посета на Македонската академија на науките и уметностите, престојуваше професор Јуми Накаџима, истакнат јапонски славист и македонист, добитник на високото признание  златниот медал ,,Блаже Конески’’ за 2018 година што го доделува МАНУ.

Професорката Накаџима, беше примена од академик Луан Старова, потпретседател на МАНУ, кој свечено и го предаде медалот ,,Блаже Конески’’, во присуство на членови на МАНУ, амбасадорката на Јапонија во Скопје, госпоѓа Хеико Канеда и други гости.




Академик  Старова ја истакна посветеноста на проф. Јуми Накаџима за афирмацијата на македонистиката во Јапонија и воопшто во светот, со што, таа заслужено е носител на медалот ,,Блаже Конески’’ што го доделува МАНУ како свое највисоко меѓународно признание од областите на своето дејствување.

Во своето обраќање, професор Накаџима изрази благодарност на вниманието што и укажано, особено што признанието го  носи името на  Блаже Конески, името големиот македонист и еден од основоположниците на МАНУ, со кого таа имала чест да соработува.(Крај)

Веле Митаноски

[назад]
loading...
Коментари