28 Државен натпревар по прва помош во Битола

Четврток, 19 Сеп 2019 | Прочитано 95 пати.

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 21 и 22 септември 2019 година во Битола го организира 28-от по ред Државен натпревар на екипите по прва помош.


Оваа година Државниот натпревар по прва помош ќе се одржи под мотото “ Твоето незнаење чини живот”.



На државниот натпревар по прва помош ќе земат учество 28 екипи, каде натпреварот ќе се одвива во две траектории, на секоја ќе настапат по 14 екипи, ќе се работи на 7 работни места од кои 4 работни места ќе бидат од првата помош на кои ќе бидат опфатени 12 повреди и една реанимација за срцево-белодробно оживување, две работни места ќе бидат со забавно рекреативен карактер и на едно работно место ќе има тематика за познавање од областа на дисиминација.


Свеченото отворање на Државниот натпревар на екипите по прва помош е предвидено на 21 септември 2019 година (сабота) во 11:30 часот кај градскиот парк – Битола и натпреварот ќе се одвива од 11:00 - 17:30 часот, а прогласување на победници ќе биде на 22 септември 2019 ( недела) во плоштад Магнолија - Битола


Ве покануваме на овој настан и ќе ни биде задоволство во колку го проследите истиот и ја информирате јавноста во Република Северна Македонија.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија