Адеми: Се разгледуваат опции за невакцинираните деца при упис во училиште

Понеделник, 13 Мај 2019 | Прочитано 128 пати.

Министерот за образование и наука Арбр Адеми денеска изјави дека се разгледуваат сите опции за невакцинираните деца кои треба да го започнат основното образовение, со цел да се запазат законите, како и јавното здравје.


Наведе дека е остварена средба со министрите за здравство и за правда, Венко Филипче и Рената Дескоска, како и дека повторно за прашањето ќе се разговара на седница на Влада.


– Една од опциите кои се разгледуваат е да се запишат учениците, во меѓувреме да се вакцинираат, или во септември, почеток на септември, да има теренска вакцинација за сите ученици кои не се вакцинирани, посочи Адеми.


Извор: a1on.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија