Бектеши: Инклузивниот економски развој ќе влијае на подобрување на државата во меѓународните институции.

Четврток, 18 Апр 2019 | Прочитано 242 пати.

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски денеска беа дел од инфо сесијата по повод објавениот Јавен повик од страна на ФИТР за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации организирана од страна на Фондацијата за поддршка на претпријатија - ЕСА Тетово  и Стопанската комора на Северозападна Македнонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој.

„Малите и средните претпријатија се двигатели на инклузивниот економски раст во Република Северна Македонија и во создавањето на продуктивни и одржливи работни места. Развојот на МСП долгорочно гледано води кон јакнење на целокупната економија земајќи го во предвид фактот дека бројот на МСП се зголемува континуирано,  микро, малите и средни претпријатија остануваат доминантен тип на претпријатија претставувајќи 99,13 % од вкупниот број на активни  претпријатија, со што се потврдува дека се важни учесници во економијата како целина„ рече министерот Бектеши во своето обраќање.




Министерот Бектеши нагласи дека финансиската поддршка што ја нуди државата за домашните компании за развој на своите бизниси се со цел да станат поконкуретни на домашните и странските пазари, додавајќи дека   овие мерки кои се дел од Планот за економски раст се поддржани и од  Светска Банка, односно програмата е усогласена од двете страни со цел да се обединат средствата и од државниот буџет и од странски организации кои го поддржуваат бизнисот.

Директорот на ФИТР Јован Деспотовски истакна дека „Наша цел е да преку денешнава средба и покрај соработката што ја имаме со Фондацијата ЕСЕ и СКСЗМ да можеме услугите кои ги нудиме, пристапот до информации и техничката помош компаниите да го добиват на локално ниво„ додавајќи дека се направени одредени измени во правилниците за поддршка и на другите сегменти од економијата.

За потребите на инвестициите на средните компании се обезбедуваат грантови во висина до 60% од вкупниот износ на проектите, додека за микро и малите компании, се обезбедува поголема поддршка во вредност до 70%, со цел да се истакне значајноста на малите компании.




Максималната вредност на грантовите може да достигне до 20 милиони денари или 350 илјади евра, сума која ќе ги задоволува потребите на помалите компании и на тие што се заинтересирани да постигнат позитивни резултати.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија