Бензините поскапуваат за половина, дизелот за еден денар

Понеделник, 16 Апр 2018 | Прочитано 81 пати.

Горивата поскапуваат од полноќ- соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините се зголемуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар. Повисока цена и на мазутот.


Според последната пресметка, бензинот од 95 октани ќе се продава за 68 денари за литар, цената на 98- октанскиот ќе изнесува 69,5 денари. Литар дизел ќе се точи за 60 денари, а цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 48,5 денари.


Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за 1,57 проценти, како резултат на повисоката цена на суровата нафта на светските берзи и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија